Достапни линкови

logo-print

Ципрас - Грција подготвена за компромис


Грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас при пристигнувањето попладнево на самитот на еврозоната изјавил дека Грција е подготвена за компромис и поради тоа договорот со кредиторите може да се постигне уште денеска.

„Подготвен сум за уште еден компромис. Ќе може да постигнеме компромис денеска, ако сите го сакаат тоа“, изјавил тој. Ние го должиме тоа на народите во Европа, кои сакаат Европа да биде обединета, а не поделена, истакнал Ципрас, нагласувајќи дека е подготвен за искрен компромис.

Германската канцеларка Ангела Меркел рекла дека земјите од еврозоната засега немаат изнесено единствена позиција за почетокот на нови преговори за доделување на помош на Грција. - Се изгледа дека засега нема да добиеме документ, едногласно усвоен од Еврогрупата, кој ќе биде повик за почеток на преговори за нова програма за Грција, истакна германската канцеларка. Меркел, исто така, нагласи дека довербата е загубена.

„Денеска ќе имаме тешки разговори и не по секоја цена треба да биде постигнат договор за Грција, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел при пристигнувањето на средбата на високо ниво на еврозоната во Брисел, јавува ДПА.

Самитот на еврозоната денеска треба да одлучи дали Грција утре ќе биде во еврозоната или не, изјави претседателот на Франција Франсоа Оланд при пристигнувањето на средбата за „последна шанса“ за финансиски спас на Атина.

„Франција ќе направи се, за Грција да остане во еврозоната, изјави Оланд, исклучувајќи ја можноста изнесена од Германија за времено исклучување од еврозоната. Според Оланд Грција може или да излезе или да остане во еврозоната.

„Земјите од еврозоната сакаат да ја задржат Грција во монетарната унија, но има услови што Атина треба да ги исполни, изјави денеска во Брисел премиерот на Луксембург Ксавие Бетел. Според него во позициите на одделни држави во еврогрупата има разлики, како и дека постои криза на доверба кон Атина.

XS
SM
MD
LG