Достапни линкови

Загина жена во сообраќајка кај Демир Капија


Илустрација.

Илустрација.

Жена утринава загинала во сообраќајка кај Демир Капија на автопатот Скопје – Гевгелија, кај клучка Демир Капија, соопшти Министерството за внатрешни работи. Несреќата се случила откако од коловозот излетало возило „Ситроен берлинго“, со српска ознака. Со него управувал четириестгодишен маж, кој изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот, при што на самото место од добиените тешки повреди починала Миланка Б. која имала 63 години. Во сообраќајната несреќата се повредени уште едно лице, како и дете од три години и 9-месечно бебе. По укажаната лекарска помош во Велес тие со возило на брзата помош биле префрлени во Клинички центар Скопје.

XS
SM
MD
LG