Достапни линкови

logo-print

Мексикански господар на дрогата избегал од затвор низ тунели


Хоакин „Ел Чапо“ Гузман

Хоакин „Ел Чапо“ Гузман

Мексиканските власти соопштија дека многу важно лице осудено за дрога избегало од затвор низ 1,5 километри тунели, кои воделе надвор од затворот од под просторот за туширање во неговата келија. Чувари денеска влегле во келијата на Хоакин „Ел Чапо“ Гузман во затворот со максимална безбедност западно од Мексико Сити, откако тој се изгубил од видот на безбедносните камери. Тие нашле голема дупка со скала која водела до тунел со систем за вентилација и осветлување, и со излез под објект кои бил во изградба во близина на затворот. Висок официјален претставник рече дека 18 затворски чувари ќе бидат испрашувани од обвинителите за бегството на Гузман. Ова е втор пат од затвор да избега овој т.н. госпадар на дрогата. Тој во 2001 година избега од друг затвор, криејќи се во кошница за перење. Прекарот на Гузман, „Ел Чапо“ значи „кусиот.“

XS
SM
MD
LG