Достапни линкови

Оценките од државната матура подобри од лани


Просечната оценка од полагањето државна матура во јунската сесија оваа година, е 3.37 по сите предмети во сите средни училишта во Македонија. Овој резултат е повисок во однос на минатата учебна година, кога средниот успех беше 3.11. По предметот мајчин јазик и литература средната оценка е 3.47 и е повисока од полагањето во 2014 што изнесуваше 2.99. По предметпот математика резултатот е 3.19 и е подобр од минатата година кога беше 3.04. По предметот англиски јазик просекот е 3.10, а лани изнесувал 2.88, како и кај другите три странски јазици, каде исто така матурантите постигнале повисок просек од 3.54, наспроти 3.43 во 2014 година.

XS
SM
MD
LG