Достапни линкови

Иран и шесте сили: чекор поблиску до нуклеарен договор


Американскиот државен секретар Џон Кери.

Американскиот државен секретар Џон Кери.

Иран и шесте светски сили се чекор поблиску до постигнување на конечен нуклеарен договр, во пресрет на притисокот на крајниот рок на 13 јули. Но, американскиот државен секретар Џон Кери предупреди дека некои тешки прашања останаа во разговорите меѓу Иран и т.н. група П5+1: Британија, Франција, Русија, Кина, САД, плус Германија. Кери на новинарите во Виена им соопшти: „мислам дека добиваме некои вистински одлуки“. Тој рече дека се уште има „неколку тешки работи да се направат“, но останува „надежен.“ Во знак дека договорот би можел да биде постигнат на 12 јули, министрите за надворешни работи на Русија и Кина, Сергеј Лавров и Ванг Ји, се очекува да им се приклучат на разговорите. Ако се согласни, договорот ќе ја намали способноста на Техеран да развие нуклеарно оружје во замена за ослободување на болните санкции против Иран.

XS
SM
MD
LG