Достапни линкови

Кина осомничи стотина Ујгурци за тероризам


Официјалната новинска агенција на Кина соопшти дека 109 етнички Ујгурци кои биле депортирани од Тајланд во Кина, биле на пат накај Турција, Сирија или Ирак за да се обидат да им се приклучат на милитантите на Исламската држава. Во соопштението се вели 13 Ујгурци ја напуштиле Кина откако биле осомничени за терористички активности. Исто така се вели дека кинеската полиција открила неколку банди кои регрутирале Ујгуци да се приклучат кон милитантната група на ИД. Ујгурците се муслиманско малцинство кое зборува на турски јазик во кинескиот западен регион Ксинџијанг. Масовната депортација на 9 јули од страна на тајландските власти, се соочи со зголемена меѓународна критика дека бегалците би можеле да се соочат со прогон од страна на кинеските власти. Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации депортацијата ја нарече „флагрантно кршење на меѓународното право.“ Повеќето од Ујгурците биле во Тајланд повеќе од една година и тврделе дека се Турци. Тие биле депортирани откако тајландските власти утврдиле дека тие се Кинези. Демонстранти во Истанбул го демолирале тајландскиот конзулат за властите да се откажат од одлуката.

XS
SM
MD
LG