Достапни линкови

Иран блиску до постигнување нуклеарен договор


Дипломатите на шесте светски сили се сретнаа длабоко во ноќта со иранските преговарачи во обид да постигнат конечен нуклеарен договор, во пресрет на крајниот рок на 13 јули. Дипломатите велат дека 98 проценти од текстот се завршени, по серијата на билатерални и мултилатерални средби што се одржаа вчера во Виена. Но, преговарачите подготвувајќи се за денешните разговори објавија дека остануваат да се решат две или три важни прашања, вклучително и колку би требало да трае било каков договор и прашањето за укинувањето на ембаргото на Обединетите Нации против Иран на проектили и конвенционално оружје. Таканаречената група П5+1, Британија, Кина, Франција, Русија, САД и Германија бараат да се намали способноста на Техеран да развие нуклеарно оружје во замена за ослободување од санкциите против Иран.

XS
SM
MD
LG