Достапни линкови

Тројца загинати во експлозија во Авганистан


Најмалку тројца цивили се убиени, а десет се повредени во експлозија на бомба во северниот дел на Авганистан. Портпаролот на полицијата во северната провинција Кундуз изјави дека експлозијата се случила во близина на авганистански регрутен центар во главниот провинциски град Кундуз. Инцидентот се случил во 8 часот по локално време, откако полициско возило налетало на нагазна мина. Повредените се пренесени во блиската болница. Досега ниту една група не презеде одговорност за нападот.

XS
SM
MD
LG