Достапни линкови

Тајфунот Чан-Хом ја погоди и Јужна Кореја


Домашните летови денеска беа откажани во Јужна Кореја, откако тајфунот Чан-Хом донесе силни ветрови и обилни дождови во земјата, еден ден откако го погоди источниот дел на Кина. Невремето беа откажани најмалку 60 домашни летови меѓу Сеул и крајбрежниот град Јесу. Меѓунароните летови не беа погодени. Властите рекоа дека очекуваат тајфунот да биде намален до тропска бура, кога ќе стигне до провинцијата Хвангхае во Северна Кореја. Вчера невремето ги парализираше транспортните врски и уништи обработливо земјиште во источна Кина, а властите евакуираа повеќе од еден милион луѓе.

XS
SM
MD
LG