Достапни линкови

Српските власти - нападот врз Вучиќ е обид за атентат


Нападот врз премиерот Александар Вучиќ е обид за атентат. Вака министерот за надворешни работ на Србија, го опиша денешниот инцидент во Сребреница, кога беше нападнат српскиот премиер. Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ рече дека тоа е напад против сите во Србија и против нејзината политика на мир и регионална соработка.

Гневни Босанци фрлаа камења и шишиња на српскиот премиер Александар Вучиќ, откако учествуваше на церемонијата за одбележување на 20 годишнината од масакрот на околу 8000 мажи и момчиња во Сребреница. Вуќиќ и неговата делегација побегнаа во своите автомобили, откако демонстрантите почнаа да фрлаат предмети на денешната церемонија. Неговата портпаролка изјави дека Вучиќ бил погоден во лицето и дека му биле скршени очилата.

XS
SM
MD
LG