Достапни линкови

Убиен лидер на ИД во Авганистан


Разузнавачката агенција на Авганистан соопшти дека во воздушен напад е убиен лидерот на екстремистичката група на Исламската држава во регионот Авганистан и Пакистан. Дирекцијата на националната безбедност денеска соопшти дека Хафиз Сајед и уште 29 други милитанти се убиени за време на воздушните напади во текот на ноќта во областа Ачин во источната провинција Нангахар. Тој изјави дека нападот бил извршен од страна на силите на коалицијата предводена од САД во координација со информациите обезбедени од агенцијата за разузнавање. Засега нема одговор од групата на ИД на тврдењата. Исто така нема официјална потврда на авганистанската влада.

XS
SM
MD
LG