Достапни линкови

Тешки преговори за нова финансиска помош за Грција


Министрите за финансии на Еврозоната се состанаа во Брисел да дискутираат за најновите напори да се формулира план за финансиска помош што ќе ја спречи Грција да ја напушти заедничката европска валута. По пристигнувањето, шефот на Еврогрупата Јерун Дајселблум рече дека „се уште има големо прашање на доверба“. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле рече дека преговорите ќе бидат „екстремно тешки.“ Пратениците на Грција во текот на ноќта го поддржаа новиот план за реформи на премиерот Алексис Ципрас, кој вклучува повисоки даноци, подигнуцање на старосната граница за пензионирање и реформи во јавниот сектор. Ципрас побара од Еврозоната и другите кредитори 53 милијарди евра за да се покријат големите долгови на Грција до 2018 година. Доверителите на земјата во два пакети веќе и дадоа помош на земјата од 200 милјарди евра во изминатите пет години.

XS
SM
MD
LG