Достапни линкови

Нападнат српскиот премиер на 20 годишнината од геноцидот во Сребреница


Вучиќ и неговата делегација побегнаа во своите автомобили, откако демонстрантите почнаа да фрлаат предмети на денешната церемонија. Тој бил погоден во лице и очилата му биле скршени.

Гневни Босанци фрлаа камења и шишиња на српскиот премиер Александар Вучиќ, откако учествуваше на церемонијата за одбележување на 20 годишнината од масакрот на околу 8000 мажи и момчиња во Сребреница.

Сребреница: инцидентот со Вучиќ
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:33 0:00

Вучиќ и неговата делегација побегнаа во своите автомобили, откако демонстрантите почнаа да фрлаат предмети на денешната церемонија. Портпаролката на Вучиќ соопшти дека премиерот бил погоден во лице и дека очилата му биле скршени.

Во Белград, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ инцидентот го опиша како обид за атентат, додека министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ рече дека тоа е напад против сите во Србија и против нејзината политика на мир и регионална соработка.

Дсетици илјади луѓе се собраа во градот Сребреница во источна Босна на церемонијата во чест на 8000 муслимански мажи и момчиња, кои беа масакрирани од страна на српските трупи пред 20 години.

Десетици функционери се во Босна, меѓу кои поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт, шефот за надворешни работи на Европската унија, Федерика Могерини, турскиот премиер Ахмет Давутоглу, јорданската кралица Нор, на одбележувањето на најголемото злосторство во Европа по Втората светска војна.

Претходно Вучиќ, чија земја жестоко се противи масакрот во Сребреница во рацете на босанските Срби да го нарече „геноцид“, беше пречекад со добредојде од роднините на жртвите, вклучително и мајките и другите членови на семејствата на жртвите од Сребреница, разменувајќи прегратки. Вучиќ накратко бил исвиркан откако се потпишал во книгата за сочувство и разговарал со роднините на жртвите.

Во соопштението објавено во пресрет на одбележувањето, Вучиќ го нарече масакрот во Сребреница “монструозен криминал.“

„Нема зборови кои ќе искажат жалење и болка за жртвите, како и гнев и огорченост кон оние кои извршиле таков монструозен криминал“, рече тој додавајќи дека Србија јасно и недвосмислено го осудува ова ужасно кривично дело и е згрозена од сите оние кои учествуваа во него“, вели Вучиќ.

Во својата изјава на собирот, Клинтон му заблагодари на Вучиќ „за храброста што ја имал денеска да дојде овде“. Клинтон ги повика Босанците да ја искористат приликата и да се здружат за единство, демократија и просперитет.

Остатоците на 136 неодамна идентификувани жртви беа погребани во меморијалниот комплекс, заедно со уште 6000 други жртви кои веќе се ексхумирани од масовните гробници.

За време на војната во Босна од 1992 до 1995 година, Обединетите Нации ја издвоија Сребреница како заслолниште за цивилите. Но, српските трупи на 11 јули 1995 година го зазедоа градот. Во следните денови тие убија 8000 муслимански мажи и момчиња. Нивните тела беа расфрани во повеќе од 90 масовни гробници во обид да го замаскираат обемот на убиствата.

„Би сакал да можам да кажам дека геноцидот што се случи овде направи светот целосно да го реализира курсот на омраза и глупоста на поделбата, но како што гледаме трагедии се уште се случуваат во Сирија и Ирак, во Јужен Судан, во Јемен и на многу други места“, реле заменик генералниот секретар на Обединетите Нации Јан Елиасон.

Но, тој додаде дека со работата на Меѓунаротдниот кривичен трибунал за поранешна Југославија се „потврди дека ерата на неказнување е завршена“.

Елиасон исто така изрази жалење дека мировниците на ОН кои ја прогласија Сребреница за засолниште за цивили во последните денови од војната во Босна, не ја спречија трагедијата, која предизвика дебата за мировните мисии.

„Дозволете ми да бидам јасен, Обединетите Нации и меѓународната заедница не успеа да ги заштити жртвите од масакрот воСребреница“, рече Елиасон. „Ова треба и ќе не прогонува засекогаш“, рече тој.

Меѓународниот суд на правдата на Обединетите Нации во 2007 година донесе одлука дека масакрот бил геноцид.

Но, Србија се противи на напорите убиствата во Сребреница да се обележат како „геноцид“. Претходно оваа недела Русија стави вето на британскаат резолуција во Обединетите Нации, повикувајќи го Советот за безбедност да ја признае Сребреница за „геноцид“.

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додиќ и се заблагодари на Москва за ветото, велејќи дека „го спречила донесувањето на резолуцијата со која би се комплицирала ситуацијата и би се продлабочиле поделбите во Босна.

По војната, Босна и Херцеговина е формирана како федерална држава составена од главно два автономни ентитети: муслиманско - хрватка федерација и Република Српска, каде живеат главно етнички Срби. Сребреница е во Република Српска.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG