Достапни линкови

Демонстранти го нападнаа Вучиќ во Сребреница


Гневни Босанци фрлаа камења и шишиња на српскиот премиер Александар Вучиќ, откако учествуваше на церемонијата за одбележување на 20 годишнината од масакрот на околу 8000 мажи и момчиња во Сребреница.

Вучиќ и неговата делегација побегнаа во своите автомобили, откако демонстрантите почнаа да фрлаат предмети на денешната церемонија. Портпаролката на Вучиќ соопшти дека премиерот бил погоден во лице и дека очилата му биле скршени.

Дсетици илјади луѓе се собраа денеска во во градот Сребреница во источна Босна на церемонијата во чест на 8000 муслимански мажи и момчиња, кои беа масакрирани од страна на српските трупи пред 20 години.

Претходно Вучиќ, чија земја жестоко се противи масакрот во Сребреница во рацете на босанските Срби да го нарече „геноцид“, беше пречекан со добредојде од роднините на жртвите, вклучително и мајките и другите членови на семејствата на жртвите од Сребреница, разменувајќи прегратки.

Вучиќ накратко бил исвиркан откако се потпишал во книгата за сочувство и разговарал со роднините на некои од жртвите.

XS
SM
MD
LG