Достапни линкови

logo-print

Кери: остануваат тешките прашања во преговорите со Иран


Американскиот државен секретар Џон Кери објави на Твитер дека „тешки прашања“ остануваа во разговорите меѓу Техеран и меѓунатодните сили, за иранската спорна нуклеарна програма. Кери денеска го даде коментарот по 90 минути средба зад затворени врати во Виена со иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф и шефот на надворешнаат политика на Европската унија Федерика Могерини. АФП цитираше неименуван официјален претставник како вели „ние немаме ограничување со време со цел да се постигне добар договор“, на прашањето дали крајниот рок за преговорите може да биде повторно одложен. Тековната рунда разговори е во 15-от ден. Двете страни на 10 јули се согласија крајнкиот рок за договор да биде до 13 јули. Разговорите мешу Иран и т.н. група на П5+1 нации, составена од Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и САД, има за цел намалување на иранската нуклеарна програма во замена ослободување од меѓународните санкции. Западните земји го обвинуваат Иран дека се обидува да произведе нуклеарно оружје, а Техеран тоа го негира.

XS
SM
MD
LG