Достапни линкови

Десетици убиени во воздушни напади во Сирија


Сириските активисти велат дека најмалку 28 лица се убиени од страна на сириската влада при воздушните напади врз градот Ал Баб, кој е под контрола на милитантите на Исламската држава. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија денесак соопшти дека меѓу загинатите се 19 цивили, влкуччително жени и деца, а голем број луѓе се повредени. Очевидци велат дека за време на нападот во градот, армиски хеликоптери фрлале буриња полни со експлозив. Ал Баб кој се наоѓа околу 40 километри северно од Алепо, е честа цел на сисриските напади. Во мај во сличен напад на пазар во градот загинаа повеќе од 50 луѓе. Организациите за човекови права ја критикуваат сисриската влада бидејќи употребува експлозивни буриња кои предизвикуваат вивилни жртви и штети.

XS
SM
MD
LG