Достапни линкови

Кина се подготвува за тајфунот Чан-Хом


Мост во провинцијаат Жеџијанг

Мост во провинцијаат Жеџијанг

Повеќе од 850 илјади луѓе се евакуирани во кинеската провинција Жеџијанг, додека земјата се подготвува за тајфунот Чан-Хом. Официјални лица денеска изјавија дека тајфунот се очекува да помине меѓу градовите Санмен и Жушан некаде околу пладне на 11 јули. Националнаат метеролошка служба соопшти дека Чан-Хом е најмоќниот тајфун што ја погодил Кина, откако комунистичката влада го презеде управувањето во 1949 година. Околу 29 илјади бродови се вратени на пристаништето, а затворени се и локалните аеродроми. Бурата исто така донесе силни ветрови и поројни дождови во Тајван, како и во кинеските региони Шангај, Ањуи и Фуџијан. Веќе има околу 20 повредени, откако тајфунот на почетокот на неделата помина над северните Филипини и јужниот дел на Јапонија.

XS
SM
MD
LG