Достапни линкови

logo-print

Завршница на истрагата за падот на малезискиот авион


Премиерот на Малезија, Наџиб Разак вели дека истрагата за уривањето на патничкиот авион минатата година во источниот дел на Украина, е „навистина блиску до именување на оние кои се виновни.“ Говорејќи на комемморацијата во Каула Лумпур за одбележувањето на првата годишнина од трагедијата на 17 јули 2014 година, кога загинаа 298 лица, премиерот денеска рече дека истрагата ќе трае најмалку дод крајот на 2015 година. Малезија и другите земји учествуваат во заедничкиот истражен тим, меѓу кои и Австрија, Белгија, Холандија и Украина, се залагаат за воспоставување на мандат на меѓународен трибунал на Обединетите Нации за гонење на оние кои се обвинети за соборување на авионот. Русија на 9 јули соопшти дека ќе спротивстави на резолуцијата на ОН да воспостави таков трибунал. Авионот на Малезија ерлајнс леташе од Амстердам до Каула Лумпур, кога беше соборен над источна Украина над зоната каде украинските сили се борат против сепаратистите поддржани од Русија. Киев вели дека авионот бил соборен од сепаратистите кои користеле кои користеле систем земја-воздух, доставен од страна на Москва. Русија вели дека украинската војска го соборила авионот МХ17.

XS
SM
MD
LG