Достапни линкови

logo-print

Утринава експлозија во Куманово


Силна експлозија утринава околу 4 и 30 часот одекна во центарот на Куманово и ги вознемири граѓаните. Причинета е материјална штета, а човечки жртви и повредени нема. Екипи од крим техника при СВР Куманово се на местото на настанот. Експлозивната направа за која допрва ќе се утврдат деталите, била поставена и активирана во утринските часови на паркинг просторот зад маркетот „Тинекс“ во времето кога нема фреквенција на луѓе. За сега е познато дека се искршени стаклата на станбените и деловните објекти во близина на поставената експлозивна направа. Надлежните екипи работат на утврдување на видот на експлозивот, како и на откривање на сторителите. Кумановци паметат дека во истиот период пред деценија и пол на иста локација беше поставена експлозивна направа.

XS
SM
MD
LG