Достапни линкови

Експлозија го погоди италијанскиот конзулат во Каиро


Експлозија го погоди надворешниот дел на италијанскиот конзулат во главниот град на Египет, Каиро. При експлозијата е оштетена е фасадата на зградата, а повредени се двајца полицајци и тројца случајни минувачи. Причината за експлозијата се уште се истражува, јавуваат египетските власти. Неидентификуван припадник на безбедносните сили е цитиран од државната новинска агенција МЕНА, како вели дека причината за експлозијата била автомобил бомба. Во истиот извештај се вели дека на зградата и е нанасена голема штета.

XS
SM
MD
LG