Достапни линкови

logo-print

Сребреница: 20 години од геноцидот


Десетици илјади луѓе се собраа денеска во источна Босна на церемонијата во чест на 8000 муслимански мажи и момчиња, кои беа масакрирани од страна на српските трупи во Сребреница пред 20 години.

Десетици функционери се во Босна, меѓу кои српскиот премиер Александар Вучиќ, поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт, шефот за надворешни работи на Европската унија, Федерика Могерини, турскиот премиер Ахмет Давутоглу, јорданската кралица Нор, на одбележувањето на најголемото злосторство во Европа по Втората светска војна.

Вучиќ накратко бил исвиркан откако се потпишал во книгата за сочувство и разговарал со роднините на некои од жртвите, јавува АФП.

Остатоците на 136 неодамна идентификувани жртви ќе бидат погребани во меморијалниот комплекс, заедно со уште 6000 други жртви кои веќе се ексхумирани од масовните гробници.

За време на војната во Босна од 1992 до 1995 година, Обединетите Нации ја издвоија Сребреница како заслолниште за цивилите. Но, српските трупи на 11 јули 1995 година го зазедоа градот. Во следните денови тие убија 8000 муслимански мажи и момчиња. Нивните тела беа расфрани во повеќе од 90 масовни гробници во обид да го замаскираат обемот на убиствата.

Во изјава дадена пред комеморацијата, Вучиќ го нарече масакрот во Сребреница „монструозен криминал.“

Србија, пак, се противи на напорите убиствата во Сребреница да се наречат „геноцид“. Претходно оваа недела, Русија стави вето на британската резолуција во Обединетите Нации, повикувајќи го Советот за безбедност да ја признае Сребреница како „геноцид“.

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додиќ и се заблагодари на Москва за ветото, велејќи дека „го спречила донесувањето на резолуцијата со која би се комплицирала ситуацијата и би се продлабочиле поделбите во Босна.

По војната, Босна и Херцеговина е формирана како федерална држава составена од главно два автономни ентитети: муслиманско - хрватка федерација и Република Српска, каде живеат главно етнички Срби. Сребреница е во Република Српска.

За денеска српската полиција ги забрани сите јавни собири планирани во главниот град Белград за одбележување на масакрот во Сребреница.

„Ги предупредувам сите кои размислуваат на било каков собир дека полицијата ниту ќе дозволи, ниту ќе толерира собири“, рече вчера министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ. Забраните се однесуваат на собирите во чест на жртвите и на оние на ултранационалистите кои се заканија дека ќе ги прекинат таквите настани.

Иницијативата 7000, српска невладина организација водена од новинарот Душан Масиќ кој стана активист, планираше да организира настан во Белград на 11 јули, на кој 7000 луѓе ќе лежат на тротоарот пред Парламентот.

Организаторите рекоа дека симболичниот гест има за цел на сеќвањето на жртвите да се покаже степенот на колење на 8000 мажи и момчиња во Босна, од страна на српските трупи – на најлошиот масакр во Европа по холокаустот.

Неколку српски ултранационалистички групи, кои негираат дека тоа е геноцид и дека загинале помалку од 8000 луѓе, ветија дека ќе го нарушат овој настан.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG