Достапни линкови

ЕУ - Рок до 13 јули за договор со Иран


Европската унија го продолжи до 13 јули рокот до кој треба да се постигне договор за иранската нуклеарна програма, се наведува во соопштението на ЕУ. Рокот за постигнување договор беше првин до 30 јуни, но оттогаш двапати е продолжуван.

„Да се овозможи повеќе време за тековните преговори за да се постигне долгорочно решавање на иранското нуклеарно прашање“, стои во соопштението.
Претходно и иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека преговорите ќе продолжат и во текот на викендот.

XS
SM
MD
LG