Достапни линкови

Албанија доби три бодови за прекинот во Белград


Судот за спортска арбитража во Лозано донесе одлука прекинатиот натпревар меѓу Србија и Албанија (игран во Белград) од октомври минатата година да го регистрира со службени 3:0 за Албанија, а Србија останува без три бода. Исто така Србија е казнета следните два натпревара на домашен терен да ги игра без публика и парична казна од 100.000 евра. Во овој случај отфрлена е жалбата на Србија, а прифатена на Албанија откако било утврдено дека нема доказ според кој албанските фудбалери одбиле да го доиграат натпреварот, кој беше прекинат поради лоша организација и влегување на неслужбени лица на теренот кои ги нападнаа гостинските играчи.

Фудбалскиот сојуз на Албанија е казнет со 100.000 евра, бидејќи се смета дека бил одговорен за влегувањето на „дронот“ на стадионот за време на натпреварот.

XS
SM
MD
LG