Достапни линкови

Еврогрупа - Планот на Грција е „темелен“


Еврогрупата го оцени новиот грчки план за обезбедување на третиот пакет за помош како „темелен“. Атина вчера предложи сеопфатни реформи на својот даночен и пензиски систем, кои европските лидери долго време ги бараа, во обид до викендов да се постигне договор што ќе ја спаси Грција од финансиски колапс. Премиерот Алексис Ципрас денеска ќе го стави планот на гласање пред грчкиот парламент. Претседавачот со Еврогрупата Јерун Дајселблум рече дека „голема одлука, без разлика на кој начин“ може да биде донесена на утрешниот состанок на министрите за финансии од еврозоната во Брисел. Самитот на лидерите од Еврогрупата е закажан за в недела, по што ќе следи и самит на лидерите од ЕУ. Новиот грчки пакет реформи ги зголеми надежите дека Грција може да добие олеснување на долгот и договор за спас неопходен за спречување на претстојниот финансиски колапс и можен излез на земјата од еврозоната.

XS
SM
MD
LG