Достапни линкови

Нуланд во посета нз Западен Балкан


Помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд од утре до 14 јули ќе претстојува во посета на земјите од Западен Балкан.

Според првичниот план на Нуланд,ќе ги посети Македонија, Црна Гора, Косово, Србија и Албанија, каде ќе се сретне со државните раководители, лидерите на најголемите партии и претставници на невладини организации. Посетата на Нуланд ќе започне од хрватскиот град Дубровник. Таа утре ќе и се приклучи на американската делегација за одбележување на 20-годишнината од масакрот во босанскиот град Сребреница.

XS
SM
MD
LG