Достапни линкови

logo-print

Могерини ја откажа посетата на БиХ


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини ја откажа посетата на БиХ поради ангажираност во преговорите за иранската нуклеарна програма во Виена, изјави нејзината портпаролка Маја Коцијанчич. Коцијанчич потврди дека Могерини нема да пристигне денеска во Сараево, но постои можност утре да присуствува на церемонијата по повод 20-годишнината од геноцидот во Сребреница.

Тоа зависи од темпото на преговорите во Виена, истакна Коцијанчич.

Според првичниот план, Могерини денеска требаше во Сараево да се сретне со членовите на колективното босанско претседателство.

XS
SM
MD
LG