Достапни линкови

logo-print

Кредиторите ги проценуваат грчките предлози


Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд ги разгледуваат последните грчки предлози и вечерва ќе ја завршат нивната проценка, јави дописникот на МИА од Атина.

Грчките медиуми цитираат анонимен извор од еврозоната според кого инситутциите исто така ќе направат проценка на барањето на грчката Влада за нова финансика помош од Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ), земајќи ја предвид стабилноста на еврозоната, одржливоста на грчкиот долг и вистинските финансиски потреби на земјата во следните години. Пред се, институциите ќе извршат проценка на грчките предлози со списокот приоритетни дејствија.

Ако на утрешниот состанок на еврогрупата биде одобрена нова програма за поддршка на Грција, тогаш можеби нема да има потреба од самит на ЕУ во недела.

XS
SM
MD
LG