Достапни линкови

logo-print

Ципрас побара поддршка за реформите


Добивме мандат од народот да постигнеме подобар договор со кредиторите, а не добивме мандат за да ја извадиме Грција од еврозоната, изјави грчкиот премиер и лидер на Сириза Алексис Ципрас на седница на парламентарната група на владејачката партија, пренесуваат тамошните медиуми. Ципрас ги повика пратениците во парламентот да го поддржат пакетот мерки за реформи во замена за нов кредит на земјата.

„Моментот и одлуката кои треба да се преземат, се исклучително критични, тоа што е важно е парламентарната група на Сириза да биде обединета и целосна на гласањето на пакетот мерки во Парламентот при донесувањето на решенијата“, изјави грчкиот премиер.

Според него, во Парламентот сите дошле заедно,и затоа или ќе продолжат сите заедно или сите ќе си одат.

XS
SM
MD
LG