Достапни линкови

Преговорите со Иран продолжуваат и викендот


Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф денеска изјави дека преговорите за нуклеарната програма со шестe светски сили, најверојатно, ќе продолжат и во текот на викендот.

„Постигнат е одреден напредок, но се уште не сме до крајот. Се сомневам дека тоа ќе се случи денеска, се чини дека ќе го поминеме и викендот во Виена,“, изјави Зариф за новинарите.

Претходно преговарачите неколкупати го пробиваа крајниот рок за договор, по што 10 јули беше посочен како нов краен рок.

XS
SM
MD
LG