Достапни линкови

Неизвесен договорот за иранската нуклеарна програма


САД и Иран имале големи несогласувања на вчерашните нуклеарни разговори, па американскиот Државен секретар Џон Кери се заканил дека ќе си оди доколку Иран не донесе „тешки одлуки“ неопходни за постигнување договор. Иранците веднаш возвратија, обвинувајќи ги САД и нивните европски сојузници за впуштање во „психолошка војна“ со менување на позициите во последен момент.

Кери и другите западни претставници рекоа дека Иран сеуште не ја направил тешката политичка одлука за враќање на неговата нуклеарна програма. Тој изјави дека САД нема да брзаат со договорот заради завршувањето на роковите, но оти истовремено нивното трпение истекува и дека преговорите нема да ги продолжат до бесконечност.

XS
SM
MD
LG