Достапни линкови

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го крши договорот од 2 јуни


Со заклучоците на Извршниот комитет, ВМРО-ДПМНЕ директно потврди дека го кршат договорот од 2-ри јуни на којшто се обврза Груевски лично со својот потпис, стои во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Груевски во договорот на 2-ри јуни се согласи на организација на влада којашто треба да спроведе фер и демокртаски избори, но потоа се исплаши токму од тие фер и демократски избори и затоа се обиде да го одолговлекува преговарачкиот процес“, стои во реакцијата.

Од партијата наведуваат дека според нив, преговорите се неуспешни и дека продолжуваат со проектот Вистината за Македонија.

XS
SM
MD
LG