Достапни линкови

logo-print

ММФ: Ако Грција ја напушти еврозоната ќе настрада уште повеќе


Грција нема да ги реши економските проблеми со излегување од еврозоната, и во тој случај штетите за нејзината економија само ќе се зголемат, изјави Оливие Бланшар, главен економист во ММФ.

„Ние се надеваме дека Грција ќе остане во еврозоната. Ако ја напушти, Грција ќе настрада уште повеќе“, нагласи Бланшар.

Тој ја спореди кризата во Грција со „слон во продавница за стакло“ за светскиот економски систем.

Во новиот извештај на ММФ се нагласува дека ситуацијата во Грција засега не предизвикала значителни пројави ниту верижна реакција.

„Навремените политички мерки треба да помогнат во управувањето со такви ризици ако се појават, сметаат од ММФ. ММФ ја намали прогнозата за економски раст во светот за 0,2 отсто до 3,3 отсто. За 2016 година ММФ очекува раст до 3,8 отсто.

XS
SM
MD
LG