Достапни линкови

СДСМ бара расчистување на акцијата во Куманово


СДСМ денеска потсети дека се поминати два месеца од случувањата во Куманово кога во полициската акција загинаа осум полицајци и побара одговор од власта кој и зошто се обидел да ја дестабилизира државата.

„Кој дозволи криминални групи да влезат во срцето на Куманово? Зошто власта не спречила овие групи да влезат во Македонија? Кого штити Јавното обвинителство и два месеца по инцидентот, молчи за случајот? Зошто никој не понесе командната одговорност во штабот при МВР, формиран за да ја координира операцијата?, праша Максим Димитриевски, претседател на партиската Комисија за одбрана.

СДСМ обвини дека за оваа акција наместо да понесат одговорност, наградени се раководни лица во Министерството за внатрешни работи.

Димитриевски најави дека ќе го расветлат овој случај и ги повика сите оние кои што имаат информации да ги контактираат.

XS
SM
MD
LG