Достапни линкови

logo-print

Советот на Европа ја критикува Русија за невладините


Комесарот за човекови права во Советот на Европа, Нилс Муижниекс.

Комесарот за човекови права во Советот на Европа, Нилс Муижниекс.

Комесарот за човекови права во Советот на Европа, Нилс Муижниекс, ги критикуваше руските власти за забранувањето 12 странски организации, според новиот закон, кој за руските пратеници е неопходен за земјата да се ослободи од „непожелните организации“ кои ги смета за закана за нејзината безбедност. Муижниекс денеска за РСЕ изјави дека новиот руски „лош закон“ е „нејасен и им овозможува на властите да затворат која било невладина организација“. Горниот дом на рускиот парламент вчера официјално побара од Јавното обвинителство и од министерствата за надворешни работи и за правда да го разгледаат работењето на организациите, за да се утврди дали се „непожелни“. Меѓу 12 организации на таканаречената „патриотска стоп-листа“ се наоѓаат Фридом хаус, Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос, Националниот фонд за демократија, Меѓународниот републикански институт, Националниот демократски институт за надворешни прашања, Фондацијата Мекартур, Фондацијата Чарлс Стјуарт Мот, Фондацијата за образование и демократија и неколку организации кои се занимаваат со Украина.

XS
SM
MD
LG