Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: нема простор за нови отстапки


Во досегашниот тек на преговорите ВМРО-ДПМНЕ направил многу отстапки за компромис и нема простор за нови, особено во делот на организација на Владата. Промена на министри и премиер е нешто што ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати. Односот на СДСМ, пак, бил неодговорен со желба преговорите да не успеат, заклучил на вчерашната редовна седница Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, разгледувајќи ја политичката состојба во државата, се наведува во партиското соопштение

„За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо да учествува на преговори доколку и се додека СДСМ, со илегално стекнати и монтирани материјали на прес-конференции ја манипулира јавноста“, истакнуваат од партијата.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го поздравува напорот на претставниците на меѓународната заедница и, како што се посочува во соопштението, уште еднаш потврдува дека стои и е подготвена за имплементација на договорот од 2 јуни, но нагласува дека нема намера да продолжи со отстапки на нелогичните барања на СДСМ.

XS
SM
MD
LG