Достапни линкови

ЕУ до полноќ очекува предлози од Атина


 Доналд Туск

Доналд Туск

До крајот на денов Атина треба да даде „конкретни и реални“ предлози за реформи, изјави на прес-конференција претседателот на ЕУ, Доналд Туск по телефонскиот разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

„Реалните предлози на Грција треба да бидат проследени од исто толку реални предлози од кредиторите за решавање на должничката криза, истакна Туск, додавајќи дека само тогаш ситуацијата ќе биде прифатлива и за двете страни.

Во Брисел под „мерки за враќање на долгот“ се подразбира можност за реструктуирање на долговите на Атина.

Крајниот рок за Атина да даде предлози за реформи истекува денеска на полноќ.

XS
SM
MD
LG