Достапни линкови

logo-print

Во Хрватска екстрадиран Капетан Драган


Поранешниот лидер на српските паравоени сили Драган Василковиќ

Поранешниот лидер на српските паравоени сили Драган Василковиќ

Поранешниот лидер на српските паравоени сили Драган Василковиќ, познат како Капетан Драган, пристигна во Хрватска за да се соочи со воени злосторства. Тој во Хрватска беше екстрадиран од Австралија каде што живеел во изминатите години. Хрватска побараа негова екстрадиција уште во 2005 година. Се очекува тој да биде предаден на обвинителството во Сплит. Василковиќ, кој е роден во Белград и има австралиско државјанство, ги отфрла сите обвиненија, кои ако се докажат може да го сместат до 20 години во затвор.

XS
SM
MD
LG