Достапни линкови

Пешевски - Хан нема прецизни инфомации за економскиот раст


Вицепремиерот Владимир Пешевски.

Вицепремиерот Владимир Пешевски.

Еврокомесарот Хан можеби не располагал со најпрецизни податоци во овој момент, рече вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, одговарајќи на новинарско прашање - како ја толкува оценката на еврокомесарот Јоханес Хан, кој во интервјуто за Радио Слободна Европа рече дека економскиот раст во Македонија од очекуваните четири отсто, моментно е нула проценти. Пешевски вели дека очекуваат македонската економија оваа година да има раст и тоа да биде еден од највисоките во Европа.Тој вели дека проекциите покажуваат само мала корекција надолу, но ни приближно не може да стане збор за тоа дека нема да има раст. Во интервјуто Хан меѓу другото рече дека економската ситуација во Македонија се влошува. Очекуваниот економски раст од 4 проценти сега е најмалку нула, ако не е и под нулата. Невработеноста е речиси 30 отсто, рече Хан.

XS
SM
MD
LG