Достапни линкови

ОН - Над четири милиони Сиријци станале бегалци


Повеќе од четири милиони Сиријци ги напуштиле своите домови поради војната и станале бегалци, од кои само еден милион во последните 10 месеци. Комесарот на ОН за бегалци, Антонио Гутерас, изјави дека сириските бегалци сега се најголемата група на бегалци, од 1992 кога имало 4,6 милиони бегалци од Авганистан. Тој рече дека на бегалците од Сирија им е потребна поддршка од светот, за да не живеат во лоши услови и да не тонат во сиромаштија. Освен тие четири милиони кои ја напуштиле земјата, има повеќе од 7 милиони кои се внатрешно раселени.

XS
SM
MD
LG