Достапни линкови

ФИФА- доживотна забрана за фудбал за Блејзер


Комитетот за етика на ФИФА му забрани на поранешниот висок функционер во организацијата Чак Блејзер доживотно да се занимава со фудбал. Блејзер кој има 70 години, беше член на Извршниот комитет на ФИФА од 1996 до 2003. Блејзер во 2013-тата се најде пред Федералниот суд во Њујорк, обвинет дека со другите членови на Извршниот комитет на ФИФА заговарал да се земе мито од држави кои требало да бидат домаќини на Светското првенство во фудбал. Денеска од Комитетот за етика соопштија дека Блејзер бил клучен играч во шемите за мито и поткуп.

XS
SM
MD
LG