Достапни линкови

Турција ќе гради нов бегалски камп за Сиријци


Tурција ќе изгради нов бегалски камп за вкупно 55.000 Сиријци, соопшти турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.

Кампот ќе го гради Дирекцијата за управување при несреќи и вонредни ситуации (АФАД) во југосточниот округ Килис, што се граничи со Сирија.

Во Турција веќе има приближно два милиона бегалци од Сирија. Околу
278.000 од нив се сместени во вкупно 25 бегалски кампови во окрузите што се граничат со Сирија.

XS
SM
MD
LG