Достапни линкови

Евро комесарот Хан следната недела во Скопје


Разговорите меѓу политичките лидери се во критична фаза. ЕУ очекува одсите нив да се однесуваат одговорно и конструктивно, и да работат итно и со добра волја врз решавање на едно исклучително прашање исо оглед на големите предизвици со кои се соочува земјата, нема време за губење. Ова е официјалниот став од кабинетот на Еврокомесарот Јоханес Хан, кој ја најавува неговата посета на Скопје во првата половина на следната недела.

Хан потсетува дека четворицата лидери потпишаа договор на 2 јуни а го потврдија и на 19 јуни, како основа за компромис. „Лидерите мора да ги спроведат обврските на кои се обврзале и интересот на земјата мора да дојде во прв план“, соопштуваат од кабинетот на Јоханес Хан

Натаму се наведува дека компромисот е суштински елемент во една демократија, а политичка енергија треба да биде не врз партиските интереси , туку врз реформите како што е наведено во препораките на Комисијата.

XS
SM
MD
LG