Достапни линкови

logo-print

Три резолуции за Сребреница


По руското вето поради кое во Советот за безбедност на ОН вчера не беше усвоена резолуцијата за Сребреница, американскиот Конгрес усвои симболична резолуција со која се признава масакрот во Сребреница за геноцид. Денеска таква резолуција усвоена и од Европскиот Парламент.

Во резолуцијата на ЕП остро се осудува геноцидот во Сребреница, кој е така означен согласност со пресудите на Хашкиот трибунал и Меѓународниот суд за правда.

Во резолуцијата на ЕП се наведува и дека одговорни за масовната егзекуција на над 8 илјади муслимански мажи и момчиња од Сребреница се силите на босанските Срби под команда на Ратко Младиќ со учество и на паравоени и нерегуларни единици. Тоа е најголемо воено злосторство во Европа по Втората светска војна.

Претставничкиот дом на САД, пак, синоќа усвои симболична резолуција со која се признава масакрот во Сребреница за геноцид. Пред десет години Долниот дом на американскиот Конгрес масовното убиство на над 8 илјади муслимани го окарактеризирта за геноцид. Вчера конгресмените гласаа усно со консензус за нова резолуција, чиј текст го содржи 14 пати зборот „геноцид“. Во текстот се наведува дека агресивната политика на етничко чистење на српските сили во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година е геноцид врз основа на член 2 од Конвенцијата на ОН за спречување и казнување на геноцид.

Советот за безбедност на ОН, пак, вчера не ја усвои резолуцијата за Сребреница, бидејќи Русија, која е членка со право на вето, гласаше против, а четири членки на Советот за безбедност, Кина, Ангола, Венецуела и Нигерија гласаа воздржано. Десет членки на Советот беа за резолуцијата.

Светот знае за Сребреница. Сите овие резолуции за Сребреница имаат некаква вредност. Но светот знае дека тоа што се случи беше геноцид. На крајот сите тоа ќе го признаат.

Амбасадорката на САД во ОН, Саманта Пауер, го оквалификува ветото на Русија врз британската резолуција за Сребреница како „уште една дамка на репутацијата на Советот за безбедност на ОН“.

Во врска со русите, само едно можам да речам. Фала богу што таму има барем некој паметен.

„Да ја наречеме Сребреница со вистинско име - тоа беше геноцид. Тоа не би требало да го негираме“, изјави таа обраќајќи се во СБ и додаде дека е важно и мозокот и командантот на геноцидот во Сребреница, Ратко Младиќ и Радован Караџиќ да бидат соодветно казнети во Хаг“, рече таа.

Амбасадорот на Русија во Обединетите нации, Александар Чуркин, кој стави вето на нацрт-британската резолуција за Сребреница, изјави денеска дека резолуцијата само би довела до зголемување на тензиите на Балканот.

Што на ова велат жителите на Сарево и на Белград Дудо и Владимир:

„Светот знае за Сребреница. Сите овие резолуции за Сребреница имаат некаква вредност. Но, светот знае дека тоа што се случи беше геноцид. На крајот сите тоа ќе го признаат“, вели сараевецот.

„Во врска со Русите, само едно можам да реќам. Фала богу што таму има барем некој паметен“, вели белграѓанинот.

Рускиот амбасадор додаде дека Русија се надева дека комеморацијата во Сребреница ќе биде искористена за поглед кон иднината, што Русија и го пренела на мисијата на Велика Британија, земја која работеше на нацрт - резолуцијата.

Американскиот претседател Барак Обама го избра поранешниот претседател Бил Клинтон да ја предводи делегацијата на САД на одбележувањето на 20-годишнината од масакрот во Сребреница.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG