Достапни линкови

Меркел во посета на БиХ


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе претстојува во прва официјална посета на Босна и Херцеговина, каде ја завршува тридневната балканска турнеја.

Меркел во Сараево ќе биде пречекана од претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, а потоа канцеларката ќе се сретне и со членовите на Претседателството на БиХ.

Германската канцеларка предвидено е да ја посети изложбата во Галеријата „11/07/1995“ и да се сретне со претставничките на Здружението „Мајки на Сребреница“.

XS
SM
MD
LG