Достапни линкови

logo-print

Шансите за договор со Иран се 50:50


Американскиот претседател Барак Обама ги процени шансите за постигнување договор за иранската нуклеарна програма на 50:50, на затворениот состанок во Белата Куќа со членови на Сенатот од Демократската партија. Сенаторот Крис Кунс изјави дека Обама не бил убеден оти Иранците ќе ги исполнат некои од построгите услови поставени од САД и европските сојузници.

Сенаторот Бен Кардин, водечки демократ во сенатската Комисија за надворешни работи, рече дека Обама укажал оти пред тој да го потпише договорот, Иран од своја страна мора да ги дозволи сите инспекции, вклучувајќи ги и оние врз воените локации. Обама, исто така, истакна дека тој нема да брза во потпишувањето слаб договор оваа недела, рекоа законодавците по состанокот.

XS
SM
MD
LG