Достапни линкови

Времето претпладне сончево, попладне нестабилно


Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, особено во првата половина од денот. Во попладневните часови ќе настапи преодно зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер кои ќе бидат повеќе застапени во западните и северните делови од земјата. Утринската температура се движи од 14 до 22, а дневната ќе биде од 33 до 39 степени.

Во Скопје претпладне сончево и многу топло. Попладне ќе настапи преодно зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер. Утринската температура се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Утре претпладне ќе преовладува облачно време со сончеви периоди кога се уште ќе има локални врнежи од дожд со појава на ретки грмежи, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер кој ќе услови опаѓање на температурата, која ќе се движи меѓу 28 и 35 степени.

Од сабота следува период на стабилно време со благ пораст на дневната температура.

XS
SM
MD
LG