Достапни линкови

Хан реагира на последните политички случувања


Последниот развој на настаните го потврдува тоа за што досега нотирав, дека сме во една многу критична фаза од преговорите, затоа итно е потребно лидерство и вистински дух за компромис од сите страни, вели еврокомесарот Јоханес Хан во писмена изјава за Радио Слободна Европа по последните случувања поврзани со политичката криза во земјата.

„Сите партиски лидери треба да запрат да губат време во интерес на земјата, што е на прво место“, се наведува во писмената изјава на Хан.

Претходно лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека преговорите се неуспешни, а Никола Груевски во континуитет го минира договорот постигнат на 2 јуни. Тој најави продолжување на објавувањето на таканаречените бомби.

XS
SM
MD
LG