Достапни линкови

logo-print

Борба против корупцијата само ако има политичка волја


Конференција во Охрид - Антикорупција: Најдобри практики во борбата против јавната корупција.

Конференција во Охрид - Антикорупција: Најдобри практики во борбата против јавната корупција.

Политичката волја е клучен фактор за создавање антикорупциска клима.

За борба против корупцијата и за создавање на антикорупциска клима, не само во Македонија, туку и пошироко, е неопходна политичка волја вели Марин Мрчела, судија во Врховниот суд на Хрватска и претседател на ГРЕКО, меѓународна организација за борба против корупцијата. Тој и десеттина негови колеги судии и обвинители во Охрид учествуваат на меѓународната конференција „Антикорупција: Најдобри практики во борбата против јавната корупција“, а која е во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите.

Политичарите мора да бидат подготвени дека сите пред законот се еднакви вклучувајќи ги и нив самите и не смеат да сметаат и да стојат на патот на обвинителите во откривање и процесуирање, а на судиите во пресудувањето на тие работи.

„Тоа значи дека политичарите мора да бидат подготвени дека сите пред законот се еднакви вклучувајќи ги и нив самите и не смеат да сметаат и да стојат на патот на обвинителите во откривање и процесуирање, а на судиите во пресудувањето на тие работи. Политичката волја е најдобро да се изрази со зборови, а потоа ништо да не се работи. Што се однесува дека се работи за политички мотивирани или политички монтирани случаи, тоа се искуства во речиси сите држави“, вели Мрчела.

На прашањето што мисли околу последниот случај во Македонија со т.н бомби кои ги објавуваше опозицијата, хрватскиот судија вели дека треба да се види дали станува збор за политички мотивиран процес или навистина нешто постои во пракса.

Македонското правосудство треба да биде поагресивно и да ги презентира позитивните искуства во своето работење. Сите меѓународни извештаи посочуваат на потребата да ги подобриме комуникациските стратегии со јавноста, со граѓанскиот сектор кој треба да биде активно вклучен во борбата против корупцијата.

„Затоа судовите и обвинителите треба да ја завршат својата работа. Колку ми е мене познато, сите тие процеси се во тек и секое коментирање особено од страна на политичарите за сите процеси кои се во тек би било непримерно. Треба да се каже дека македонските обвинители исто како и сите други се повеќе од свесни дека тие постапуваат независно секогаш кога до нив доаѓаат гласови дека е сторено некое кривично дело. Сето ова треба да се истражи да се види дали нешто има и ако има да се процесуира и потоа независен и непристрасен суд треба да донесе одлука кои сите треба да ја почитуваат“, вели Мрчела.

Анета Арнаудовска, директор на Академија за судии и обвинители, вели дека завршиле со подготовка на судиите и обвинителите за примена на новиот закон за одмерување на казните. Таа вели дека во Македонија имало успешно процесуирани случаи на висока корупција.

„Македонското правосудство треба да биде поагресивно и да ги презентира позитивните искуства во своето работење. Сите меѓународни извештаи посочуваат на потребата да ги подобриме комуникациските стратегии со јавноста, со граѓанскиот сектор кој треба да биде активно вклучен во борбата против корупцијата. Неодамна беше презентиран еден извештај на Македонскиот центар за меѓународна соработка во кој беше посочено дека 74 отсто од испитаниците не веруваат во македонското правосудство, но во поглед на искуствената перцепција, од испитаниците одговориле само 9 отсто дека давале некој поткуп на судиите во вид на подароци, пари“, рече Арнаудовска.

Таа додава дека сите меѓународни стандарди укажувале на тоа дека може да се зборува за корупција во судство само врз основа на завршени правосилни судски случаи.

XS
SM
MD
LG