Достапни линкови

ОН не ја усвои резолуцијата за Сребреница


Советот за безбедност на ОН не ја усвои резолуцијата за Сребреница, бидејќи Русија која е членка со право на вето, гласаше против резолуцијата. Четири членки на Советот за безбедност, меѓу кои и Кина гласаа воздржано. Советот ја разгледуваше резолуцијата подготвена од Велика Британија, според која масакрот во Сребреница се прогласува за геноцид. Во Нацр-резолуцијата се осудува злосторството во Сребреница и се повикува да се направат напори со кои би се спречил геноцид низ светот. Ако се прифати дека трагичните настани во Сребреница се геноцид тоа е предуслов за помирувањето, стои во резолуцијата. Во неа се осудуваат и тие што го негираат геноцидот..

XS
SM
MD
LG