Достапни линкови

logo-print

Тропски горештини, а сенки се помалку


Скопјани спас од жештините сè почесто бараат во климатизирани простории, зошто природни сенки се помалку може да се најдат.

И денеска најбараната работа во Македонија беше разладување под сенка. Републичкиот хидрометеоролошки завод предупреди дека на територијата на државата се очекува многу топло време со максимална температура до 40 степени. Скопјани во најтоплите делови на градот, како во центарот, спас од жештините сè почесто бараат во климатизирани простории, зошто природни сенки се помалку може да се најдат.

Многу е поспарно и потешко, како да нема воздух за дишење. По пат кај што има дрва се трудам да наоѓам сенки, бидејќи дрвјата нема баш веќе во Скопје.

„Многу е поспарно и потешко, како да нема воздух за дишење. По пат кај што има дрва се трудам да наоѓам сенки, бидејќи дрвјата нема баш веќе во Скопје. Потоа дома затворени седиме чекаме да се стемни да излеземе малку до парк. Под клима, само под клима, поинаку не се издржув.“

„Како и секогаш во вакви топли денови најтешко им е на хронично болните и на постарите лица, меѓутоа има и такви кои не се придржуваат до советите на лекарите.“

„Издржувам, немам јас проблем од сонцето и на 40 степени. Кој колку издржува тоа е индивидуална работа“, велат анкетираните граѓани.

Симптоматично беше откако почнаа високите температури што имаме колапси кај млади луѓе. Можеби тоа се должи на тоа што повозрасните повеќе ги почитуваат препораките.

Најнепријатно претпладне им е на оние кои работат под отворено небо, меѓу нив се и градежните работници. Зградите нема да се изградат сами, велат работниците од некои градилишта во центарот на градот кои не сакаат да зборуваат јавно. Врелите летни денови ги поминуваат работно и продавачите на отворено, кои спас од температурите бараат во заминувањето некој час порано избегнувајќи работа во најтоплиот дел на денот меѓу 14 и 16 часот.

„Работата некогаш бара да мораш и на жештини да работиш. Работата ми е таква. Јас работам на пазар и работам и во поле. На пазар исто така е тешко, лимот над мене е загреан. Верувајте во поле е поубаво, барем има провев, а на пазар главата како да ми се вжештува.“

„Многу е топло, но мора да се работи за егзистенција. До 13 часот и си одиме. После тоа не се седи многу е топло.“

Од Итната помош изјавија дека овие денови примаат по 100 повици дневно. Поради високите температури има колапси и кај млади луѓе, изјави доктор Анита Димовска, раководител на Итна помош

„Има колапси, но бројката не е алармантна. Хронично болните постојано си бараат совети. Се интервенира кај луѓе на кои им е слошено на улица, во банки, во пошта, значи често се случува овие денови на јавни места. Симптоматично беше откако почнаа високите температури што имаме колапси кај млади луѓе. Можеби тоа се должи на тоа што повозрасните повеќе ги почитуваат препораките“, вели доктор Димовска.

Лекарите им советуваат на граѓаните да земаат што повеќе течности, лесна храна и избегнување на кафе и алкохол да се земаат почесто. Тие препорачуваат и носење лесна пријатна облека од природни материјали, а при излегување надвор неопходни се шешир или капа.

За да може граѓаните полесно да ги поднесат високите температури на неколку локации има пунктови за бесплатни превентивни прегледи. Секој ден од 18:30 до 21:30 часот на луѓето може да им се измери крвен притисок и се даваат совети за превенција од топлото време, а во главниот град, Црвениот крст дели флаширана вода. Инаку метеоролозите предвидуваат дека топло ќе биде уште некој ден со тоа што кон крајот на неделата температурата ќе падне и полесно ќе се дише, се до понеделник кога повторно ќе има зголемување на температурите.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG